Пејачката Гоца Тржан на музичката сцена е три децении, а освен по песните, препознатлива е и по тоа што нема влакна на јазикот.
Гоца својата чувствителна страна вешто ја крие од очите на јавноста, па немаме често прилика да ја видиме со солзи во очите.
Меѓутоа, сега таа на својот Инстаграм сподели досега невидена фотографија која е направена пред 31 година, на почетокот на нејзината кариера. Гоца тогаш се сликала за потребите на видео или за магазин, додека на фотографијата во преден план се нејзините солзи.
-Времето минува, се се променило, само во очите се гледа истото исчекување и глад за живот. На сликата Гоца Тржан е фотографирана пред 31 година, напиша пејачката во описот на објавата.
View this post on Instagram