На 22.12.2023 во 20:15 часот било пријавено дека во Куманово на крстосницата од ул.„Железничка“ и ул.„Индустриска“ патничко моторно возило „сеат толедо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(36) од с.Черкези, кумановско удрило во К.М.(77) од с.Гошинце, кумановско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.