Ангелос Постекоглу повеќе не е тренер на Тотенхем, откако челниците на клубот решија да му врачат отказ. Постекоглу го водеше Тотенхем две години.
Во сезоната што штотуку заврши, тој го предводеше тимот до трофејот во Лига Европа, а со тоа избори пласман во Лигата на шампионите.
Постекоглу му го донесе на Тотенхем првиот трофеј од 2008 година, сепак, дури ни тој факт не изгледаше доволен за да ја задржи работата.
Разделбата на австралискиот тренер и клубот од северен Лондон дојде две години пред истекот на договорот.