Ракомет Пехарот во рацете на вистинските шампиони

РК Алкалоид по освојувањето на Европскиот Куп: Ова е резултат на страста, напорната тимска работа, пожртвуваноста и на непоколебливата верба!

Ова не е само победа. Ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет!, реагираат од РК Алкалоид откако претходно Европската ракометна федерација (ЕХФ) претходно македонскиот ракометен тим го прогласи за освојувач на Европскиот Куп.

РК Алкалоид по освојувањето на Европскиот Куп: Ова е резултат на страста, напорната тимска работа, пожртвуваноста и на непоколебливата верба!

Ова не е само победа. Ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет!, се огласија од РК Алкалоид откако претходно Европската ракометна федерација (ЕХФ) претходно македонскиот ракометен тим го прогласи за освојувач на Европскиот Куп.

-По извојуваната победа во Атина во првиот дуел, противникот РК АЕК одби да го одигра реванш-натпреварот во Скопје од свои причини.

По разгледувањето на сите случувања и докази, ЕХФ донесе одлука за службена победа од 10 : 0 голови и од 2 : 0 поени за РК Алкалоид. Трофејот од Европскиот куп заслужено ќе биде во нашите витрини!

Честитки до нашите херои на теренот! Ова е резултат на страста, напорната тимска работа, пожртвуваноста и на непоколебливата верба!

Ви благодариме на сите за поддршката!, стои во објавата на Фејсбук страницата на РК Алкалоид.

To top