Ракомет Пред ЕП во Германија

Ракометарите против Грција во „Борис Трајковски“, влезот на мечот е бесплатен

Ракометарите против Грција во „Борис Трајковски“, влезот на мечот е бесплатен

Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе одигра две пријателски натпревари против Грција како подготовка за Европското првенство (ЕП) во Германија, а двата се закажани во Скопје.

Првиот контролен натпревар ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ на четврти јануари од 17:00 часот. Овој меч ќе биде отворен за јавноста и влезот за сите љубители на ракометот ќе биде бесплатен, со цел ракометарите да добијат поддршка пред Европското првенство во 2024 година.

Вториот контролен натпревар меѓу Македонија и Грција ќе биде од затворен карактер, а ќе се игра ден подоцна.

Нашата репрезентација групниот сегмент од шампионатот на Европа ќе го мине во Дизелдорф и Берлин, а ќе се соочи со Франција, Германија и Пвајцарија.

To top