Суперлигата ќе се намали од 16 на 12 екипи, а загарантирано место во сезоната 2024/25 ќе има за учесниците во плејофот, односно Вардар, Пелистер, Алкалоид, Тиквеш, Пролет, Струга, Охрид и Бутел, но и за двете најдобри екипи кои ќе играат во плеј-аутот.
Во ракометната елита ќе има место и за најдобриот тим во Првата лига за актуелната сезона, додека последното место ќе биде резервирано за победникот од бараж-мечот меѓу третопласираниот тим во плеј-аутот на Суперлигата, како и второпласираниот тим од Првата лига.
Промени ќе има и во бодувањето во Суперлигата, па така победата во иднина ќе носи само два бода, додека тимовите ќе одиграат 22 кола во регуларниот дел. Најдобрите шест ќе играат во плејофот за трофејот, додека останатите ќе се борат за опстанок.