Барселона им се врати на победите во Евролигата и тоа со славје во Каунас над Жалгирис со 85:80.
Каталонците беа поразени во претходните две средби од елитното натпреварување против Алба Берлин и Олимпија Милано, па целта, задачата беше да се врати тимот на вистински колосек, мисија која се покажа како успешна и покрај тоа што екипата покажа слабости во Литванија.
Пресуден се покажа последниот период кој шпанскиот тим го реализираше со 15-7. Лапровитола со 18 и Весели со 15 поени беа лидери во триумфот, додека Бирутис за Жалгирис беше автор на 18 кошеви.
Фенербахче игра одлично под воство на новиот тренер Јасикевичиус, односно беше остварен нов позитивен резултат и тоа во Берлин кај Алба. Гостите се изборија за триумф од 91:72 во кој Вилбекик се истакна со 20 поени.
Останати резултати:
Анадолу Ефес-Басконија 80:87
Асвел-Олимпијакос 73:85
Баерн Минхен-Монако 80:91
Олимпија Милано-Панатинаикос 68:76