Македонија тренд на дигитализација

Андоновски: Инвестицијата во ВИ не е скапа, а придобивките се огромни

„Дефинитивно ВИ“, вели Андоновски, посочувајќи дека таа ќе го обликува начинот на живеење во сите области, а со тоа секако, и купувањето и потрошувачките навики. И тоа во сите сегменти. Тој смета дека ВИ нема да го замени човекот, но тие кои ја разбираат ќе бидат во предност, а ВИ ќе ги замени сите кои не разбираат и тоа секаде, и во државниот и во приватниот сектор.

Андоновски: Инвестицијата во ВИ не е скапа, а придобивките се огромни

Државата, за жал, не го следи трендот на дигитализација што одамна го наметнува приватниот сектор, смета министерот за дигитална трансформација. Според него, фокусот мора да се стави на ВИ и нејзиното имплементирање како во фирмите, така и во државните институции.

„Често критикуваме за тоа што го правеле владите и државната администрација во минатото во однос на приватниот сектор. Македонија долго има свесност за дигитализацијата, со први е-комерц платформи уште од 2010 година, кога регионот не ни  помислуваше за тоа. За жал, државата престана да го следи трендот што го наметнуваше приватниот сектор, иако дел од компаниите уште наметнуваат стандарди. Затоа сметам дека е стратешко формирањето на вакво министерство со цел да се врати фокусот“, рече министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во рамки на своето излагање на конференцијата на „Блумберг Адрија“, под наслов „Потрошувачки трендови“. Тој смета дека не е неопходно долго да се одржува ваквото министерство, туку кога ќе се постават фундаментите и ќе се фати чекот со трендовите, тоа да се префрли како работна задача на соодветна агенција, без да постои такво министерство во иднина.

Клучните проблеми и/или предизвици со кои што се соочува државата во моментот во однос на дигитализацијата, според Андоновски, е човечкиот фактор, како и политичката желба да се променат состојбите.

Кои технологии ќе го обликуваат општеството?

„Дефинитивно ВИ“, вели Андоновски, посочувајќи дека таа ќе го обликува начинот на живеење во сите области, а со тоа секако, и купувањето и потрошувачките навики. И тоа во сите сегменти. Тој смета дека ВИ нема да го замени човекот, но тие кои ја разбираат ќе бидат во предност, а ВИ ќе ги замени сите кои не разбираат и тоа секаде, и во државниот и во приватниот сектор.

„Се надевам има свесност за тоа кај сите чинители и ќе се наметне како потреба инвестицијата во ВИ, која што не е многу голема а придобивките се огромни“, вели Андоновски.

Најнови вести од Македонија

To top