Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска ќе учествува на тркалезната маса која што се организира во пресрет на состанокот на лидерите на земјите од Западен Балкан за Планот за раст на ЕУ кој ќе се одржи во средината на јуни.
Заменик-министерката ќе ја претстави реформската агенда и постигнатите резултати.
Во Годишниот извештај за имплементацијата на Реформската агенда што е доставен до Европската комисија е даден јасен и детално разработен приказ за досегашните конкретни постигнувања, мерливи резултати и амбициозни планови за следниот период.