Познати Не тагува по разводот

ФОТО: Џесика Алба го привлече вниманието во минијатурно бикини

ФОТО: Џесика Алба го привлече вниманието во минијатурно бикини

По разводот од продуцентот Кеш Ворен, актерката Џесика Алба одлучи да направи пауза и да се фокусира на себе. Судејќи според објавите на социјалните мрежи, Алба моментално ужива на сончева дестинација, позирајќи во бикини покрај базенот.

Имено, на фотографиите што ги сподели на својот Инстаграм профил, Џесика позира покрај базенот во минијатурно бикини, кое го комбинираше со шешир и очила за сонце.

Исто така, на една од фотографиите, Алба позираше во луксузен спа-центар, облечена во едноделен костим за капење со леопардски принт, додека во описот на објавата напиша: „Фокусирана на мир – дишење – пријателство и грижа за себе“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba)

Нејзиниот одмор дојде само неколку недели по разводот од продуцентот Кеш Ворен, со кого беше во брак од 2008 година.

Двојката има три деца, а се разведоа поради, како што е наведено, „непомирливи разлики“. Токму Ворен поднесе барање за развод, а двајцата побараа заедничко старателство над децата.

To top