На 02.06.2025 во 13.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „7 Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос“ со охридски регистарски ознаки, управуван од А.И.(19) од Охрид и мопед „педа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од В.С.(65) од Охрид.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.С., а со телесни повреди се здобил Е.И.(20) од Охрид, сопатник на мопедот „томос“, констатирани во Општа болница во Охрид, информира МВР.
Увид на местото изврши екипа од СВР Охрид.