Познати Тажна вест

Почина актерката од „Очајни домаќинки“ и „Младиот Шелдон“

Нејзините најзабележителни телевизиски улоги вклучуваат Ева на Северна експозиција, Алма Хоџ на Очајни домаќинки и фрустрирана учителка на Младиот Шелдон.

Почина актерката од „Очајни домаќинки“ и „Младиот Шелдон“

Ѕвездата на сериите „Очајни домаќинки“ и „Младиот Шелдон“, Валери Махафи почина на 71-годишна возраст, потврди нејзиниот ПР.

На актерката наградена со Еми и беше дијагностициран рак и почина во петокот во Лос Анџелес.

Нејзиниот сопруг Џозеф Кел оддаде почит на својата сакана сопруга.

-Ја изгубив љубовта на мојот живот, а Америка една од омилените актерки. Ќе ни недостига, рекол за познат американски магазин.

Валери беше позната по тоа што играше чудни и ексцентрични ликови кои ги сакаа нејзините обожаватели.

Нејзините најзабележителни телевизиски улоги вклучуваат Ева на Северна експозиција, Алма Хоџ на Очајни домаќинки и фрустрирана учителка на Младиот Шелдон.

Таа, исто така, се појави заедно со ѕвезди како Мишел Фајфер и Том Хенкс во филмовите како „Француски излез“ и „Сали“.

Таа неодамна глумеше во серијата Епл ТВ+ Екло 3 која се емитуваше во 2022 година и филмот Осмиот ден кој излезе на почетокот на оваа година.

Многумина ја нарекуваат „потценета“ актерка.

Најнови вести од Познати

To top