Македонија Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија - Скопје

На УКРО едукативен настан посветен на мерките за безбедност во радиотерапијата

Предавачи се стручњаци од областа на радијациска безбедност, медицинска физика, право и инспекциски органи. Присуството е важно за сите кои се вклучени во радиолошката и онколошката пракса, потенцира Д-р Николов.

На УКРО едукативен настан посветен на мерките за безбедност во радиотерапијата

Во организација на УКРО и со поддршка од IAEA и ESTRO, на 31 мај се одржува едукативен настан посветен на мерките за безбедност во радиотерапијата.

-Настанот го отвори со поздравен говор од РТТ Ведрит Ибушоски и директорот на УКРО, Проф. Д-р Игор Стојковски, како и Продеканот на Медицински факултет Проф. Рубенс Јовановиќ, истакна Д-р Николов.

Следуваат сесии Train the trainers со теми како:
• Радиолошка заштита
• Управување со радиоактивен отпад
• Национални и меѓународни регулативи (ICRP, IAEA)
• Мониторинг и пријавување инциденти

To top