Кошарка шок

Кошаркар на Њу Орлеанс Пеликанс обвинет за силување

Кошаркар на Њу Орлеанс Пеликанс обвинет за силување

НБА ѕвездата на Њу Орлеанс Пеликанс, Зајон Вилијамсон, е обвинет за сексуално, физичко, емоционално и финансиско злоставување за време на долгогодишна врска, според тужбата поднесена во судот во Лос Анџелес.

Жената, која е означена со името Џејн Доу (или НН лице), го обвини Вилијамсон за „континуиран модел на злоставување, контрола и закани“ за време на нивната врска што траела од 2018 до 2023 година.

Во тужбата од 12 страници се наведува дека Вилијамсон ја злоставувал жената на бројни локации низ САД, како што се сојузните држави Луизијана и Калифорнија.

Два инциденти на силување од 2020 година беа особено истакнати. Во првиот, според жртвата, жената побарала да си легне, но Вилијамсон наводно ѝ рекол дека „не може да го прави тоа без да има секс со него“, по што тој ја силувал, а потоа ѝ го скршил телефонот и ја давел.

To top