Флориан Вирц е избран за најдобар за изминатата сезона во Бундеслигата. Сосема очекувано, офанзивецот на Баер е на врвот, затоа што зад себе има феноменална сезона.
Истата пак му носи и трансфер во Ливерпул со кого преговорите се во завршна фаза. Вирц инаку чини 150 милиони евра, но тоа за шампионот на Премиер лигата воопшто не е проблем.
Офанзивниот играч од средниот ред доби 29,1% од гласовите, пред играчите на Баерн Минхен, Хари Кејн (20%) и Михаел Олисех (17%).