Грчки АЕК не престанува да манипулира со ЕХФ и светот. „Барање, не само наше, туку и на сите оние кои навистина сакаат натпреварите да се одлучуваат на терен со услови на праведност и еднаквост, е да се презакаже второто финале и да се почитуваат прописите на Европската федерација, кои Алкалоид ги прекрши, а не АЕК“, соопштија претпладнево од атинскиот клуб кој под притисок ан навивачите ултраши, неспортски и вон сите правила на ЕХФ не излезе на теренот во Скопје.
Од АЕК со тешки лаги тврдат дека уште од првиот момент „водат огромна битка за да се одбранат, не само честа и достоинството на клубот и навивачите, туку и на грчкиот ракомет и земјата“, додаваат дека се борат и „за многу сериозни прашања, како што е реакција на провокацијата да не им се дозволи на грчките граѓани легално да ја преминат границата кон друга европска земја“, извитоперуваат АЕК во најновата „игра без граници“ и скрупули.
– Кој навистина може да ја оправда и награди „блокадата“ на границата и своеволната забрана за легален влез на кој било број грчки граѓани без да постојат ограничувања, со оглед на тоа што немаше никаква директива за забрана на движење, индивидуално или организирано? Зошто не беше почитувана одредбата „90-10“ на Европската федерација? И од моментот кога од наводни „безбедносни причини“, на навивачите на АЕК им беа дадени 200 билети, зошто тогаш не беа 1.800 картите за навивачите на Алкалоид, а видовме полна сала со повеќе од 6.000 Скопјани?, коментираат заобиколувајќи ја вистината од АЕК.
Паралелно, во познат грчки стил, го „поздравуваат“ и писмото од Ракометната федерација на Грција испратено вчера до ЕХФ.
– Луѓето од Грчката федерација беа присутни и видоа и разбраа сè. Присутни на сè беа и одговорните лица од Европската федерација, кои добро знаат што се случи на безбедносниот состанок што беше свикан, што беше договорено и кој го почитуваше, а кој не ги почитуваше договореното. Се надеваме дека ќе бидат на висина на задачата и со нивната одлука ќе докажат дека сакаат за сите натпревари да се одлучува на терените, согласно воспоставените прописи, пишува во манипулативното соопштение од АЕК.
Вториот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК требаше да се одигра во неделата во Скопје, но не се одржа откако играчите на гостинскиот тим одбија да излезат на терен и кукавички подлегнаа на манипулациите на управата ан АЕК коај се обидува, веќе по навика, да издејствува неутрален терен за да ги зголеми шансите за победа, кои во Скопје ги немаше.
Игрите без граници, продолжуваат….