Свет Во Појасот Газа

ИДФ: Повеќе од 2.000 оперативци на Хамас убиени од 1-ви декември

„Го зголемивме бројот на војници кои се борат во источниот дел на Кан Јунис и таму се бориме решително, со акцент на подземните борби“, рече Хагари на прес-конференција, пишува „Тајмс оф Израел“.

ИДФ: Повеќе од 2.000 оперативци на Хамас убиени од 1-ви декември

Портпаролот на израелската армија (ИДФ) Даниел Хагари денеска изјави дека од крајот на привременото примирје на 1 декември, повеќе од 2.000 оперативци на палестинската милитантна група Хамас се убиени во Појасот Газа.

„Го зголемивме бројот на војници кои се борат во источниот дел на Кан Јунис и таму се бориме решително, со акцент на подземните борби“, рече Хагари на прес-конференција, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека на северот на Израел, либанската милитантна група Хезболах „го претвори јужен Либан во борбена зона и продолжува да ја загрозува иднината на целата држава Либан. Ќе продолжиме да работиме на оддалечување на Хезболах од израелската граница“, рече Хагари. (МИА)

To top