Конор Мек Грегор, изјави дека е во сериозни преговори за купување на популарната платформа Онлиу фанс (OnlyFans), базирана на претплата.
Ирскиот шампион во мешани боречки вештини се огласи на социјалните мрежи за да го објави својот потенцијален бизнис потег откако се појави веста дека сегашниот сопственик на Онли фанс, Феникс интернешнал лтд, е во преговори за продажба на компанијата.
„Конор Мек Грегор вели дека е во преговори за потенцијално купување на Онли фанс“, објави новинарот Дејмон Мартин.
Според Ројтерс, Феникс интернешнал лтд моментално е во преговори со група инвеститори предводена од Форест роуд компани, инвестициска фирма со седиште во Лос Анџелес.
Потенцијалната зделка ја проценува Онли фанс на околу 8 милијарди долари, според три извори запознаени со ова прашање.