Српсиот кошаркар Никола Јокиќ повеќе нема да соработува со еден од најпопуларните светски брендови „Најк“, туку се реши за изненадувачки потег.
Имено, Србинот тргна по стапките на неговиот соиграч и добар другар Арон Гордон и потпиша со кинески спонзор. Откако раскина со „Најк“, Јокиќ влезе во соработка со кинескиот бренд „361 Дегреес“, со кој парафира повеќегодишен договор.
Јокиќ веќе „дебитира“ во патиките на „361“, против екипата на Торонто Репторс. Се работи за кинески бренд кој постои две децении, има преку 6.000 продавници во Кина, како и речиси 8.000 низ целиот свет.