Само неколку часа откако Црвена Звезда го објави раскинот на соработката со Шабаз Нејпир, искусниот плејмејкер е промовиран како нов член, односно повратник во тимот на Олимпија Милано.
Со тоа се потврдија и најавите на тренерот на Звезда, Јанис Сферопулос, но и тој бил свесен дека во договорот за раскин имаше клаузула според која Нејпир може да замине само во тимот од Милано.
Интересно е тоа што веќе за 20 дена Нејпир ќе се врати во Белград на мегдан со Црвена Звезда бидејќи Олимпија Милано ќе му гостува на шампионот на Србија.