ТФТ загуби од Борац Бања Лука со 66:65. Во редовите на босанската екипа не настапи македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ поради болест.
Борац Бања Лука се стекна со предност уште во оној прв период од играта (21:14). Го доби и вториот, макар и не така убедливо (13:7), но повеќе од доволно на полувремето Борац да води со убедливи 34:21. Во третата четвртина играчите на Боро Смилковски имаа и негатива од „минус 16“ (43:27), но не се предадоа, ги дадоа сите сили да се вратат резултатски.
ТФТ Моцарт даде 22 поени во третата четвртина, или еден повеќе во првите две. Во понатамошниот период одбраната делуваше многу подобро, нападот посигурен, и тоа донесе само седум негатива (59:52) по четири минути игра во последната четвртина.
А по петте поени на Николов, некоја минута подоцна водството беше уште помало. Борац водеше со, и тоа како достижни за ТФТ (61:57). Веќе во следниот напад, Луис намали на 59:61, а во оној што следуваше, Николов не донесе и израмнување.
Ифеџе не искористи нова шанса за егал, погоди само едно слободно фрлање, за (60:61), Веднаш казни Шешлија, за плус 3 (63:60) за екипата од Бања Лука на влезот на последната минута. Новата шанса за евентуално продолжение, за жал, не ја искористи Верц, а по толку нереализирани можности, Делалиќ ја потврди победата за екипата на Борац.
Луис беше единствениот играч во составот на ТФТ Моцарт со двоцифрен број на поени, вкупно 16. Симонс и Верц имаа по девет, Николов Ташовски и Ифеџе по осум.
По седум одиграни кола, „црно-белите“ се на ефект од една победа и шест порази, заедно со екипата на Шибенка, најлошиот скор во АБА 2 конкуренцијата по три одиграни турнири.