Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Центар

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Центар

На 23.05.2025 околу 17.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Г.(31) од Битола и мотоцикл „веспа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.П.(39) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

To top