Вести

Белгиското Обвинителство го повлече барањето за одземање на имунитетот на европратеничката Принчи во рамки на истрагата „Хуавеј“

Ми олесна поради итното барање за повлекување, со што целосна се потврдува дека не сум вмешана во т.н. „Хуавеј афера“, наведе Принчи .

Белгиското Обвинителство го повлече барањето за одземање на имунитетот на европратеничката Принчи во рамки на истрагата „Хуавеј“

Белгиското Федерално јавно обвинителство го повлекла барањето до Европскиот парламент за одземање на пратеничкиот имунитет на италијанската европратеничка Џузепина „Џузи“ Принчи од десноцентристичката партија Форца Италија (ФИ), во рамки на истрагата за сомнежите за корупција и примање поткуп од кинеската компанија „Хуавеј“.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, за повлекувањето на барањето информира самата Принчи преку соопштение за јавноста.

– Ми олесна поради итното барање за повлекување, со што целосна се потврдува дека не сум вмешана во т.н. „Хуавеј афера“, наведе Принчи во соопштението.

Таа натаму додава дека и покрај тоа што барањето на Обвинителството е повлечено, таа „останува потресена“ затоа што била вовлечена во овој случај врз основа на „објективно неосновани тврдења“.

Повлекувањето на барањето го потврди и Кабинетот на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, најавувајќи детали по целосното завршување на формалностите.

Претходно оваа недела, белгиското Јавно обвинителство достави барање до Европскиот парламент за одземање на пратеничкиот имунитет на Принчи и уште четворица европратеници во рамки на истрагата за сомнежи дека лобисти на „Хуавеј“ подмитувале членови на Европскиот парламент за да обезбедат нивно влијание во интерес на компанијата.

По информациите дека е осомничена за вмешаност во скандалот, Принчи изјави оти очигледно станува збор за „грешка во идентитетот“.

Обвинителството ја товареше Принчи дека присуствувала на состанок со претставници со „Хуавеј“ во Брисел на 25 јуни 2024 година, но таа тврди дека на тој датум била во Италија.

– Бев на приредба на мојата ќерка по повод крајот од учебната година, изјави Принчи, додавајќи дека ова може да го докаже со „многу документи“

Најнови вести од Вести

To top