Република Општина Зрновци

Со средства од Министерството за локална самоуправата ќе се доградува и реконструира училиштето во Зрновци

Сакам да изразам благодарност до министерството и министерот Перински, бидејќи експидитивно беше доделен овој договор и беше препозната неопходноста за реализација на овој проект, вели Здравков.

Со средства од Министерството за локална самоуправата ќе се доградува и реконструира училиштето во Зрновци

Општинското основно училиште (ООУ) „Синиша Стоилов“ во Општина Зрновци ќе се доградува и реконструира со средства кои се обезбедени преку Програмата за намалување на диспаритети од министерството за локална самоуправа информираа на денешната прес-конференција во Штип директорот на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Трајче Здравков и градоначалникот на Општина Зрновци, Борче Коцев.

Здравков истакна дека преку оваа Програма се обзебедени 4.800.000 денари.

-Експидитивно во понеделник ќе ја започнаме постапката за распишување на тендер, со цел што е побрзо да го завршиме овој проект и доградбата и реконструкцијата на ООУ „Синиша Стоилов“. Сакам да изразам благодарност до министерството и министерот Перински, бидејќи експидитивно беше доделен овој договор и беше препозната неопходноста за реализација на овој проект, вели Здравков.

Тој истакна дека до 10 декември 2025 година ќе се реализира доградбата и реконструкцијата на училиштето во Општина Зрновци, со цел да се добијат подобри услови за едукација на учениците.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Градоначалникот на Општина Зрновци, Коцев изјави дека финансиската реконструкција на училиште изнесува вкупно 5.075.000 денари, од кои 4.800.000 се од министерството за локална самоуправа, а останатите средства се од општината.

-Со изградбата на оваа доградба се обезбедуваат комплетно три нови училиници, од околу 150 метри квадратни, како и внатрешно уредување на истите. Моментално две одделенија од ООУ „Синиша Стоилов“ наставата ја следат во помошен објект и со оваа реализација сите одделенија, сите ученици ќе бидат сместени во зградата на ООУ „Синиша Стоилов“, вели Коцев.

Капацитетот на училиштето во Зрновци е за околу 150 ученици, а градоначалникот на Зрновци, Коцев се надева дека доградбата и реконструкцијата ќе завршат до почетокот на септември, со цел учениците да имаат современи и подобри услови за настава.

Најнови вести од Република

To top