Хрватската кошаркарска репрезентација има нов селектор откако оваа одговорна функција му беше доверена на Томислав Мијатовиќ.
Станува збор за искусен стручњак кој долги години е дел од стручниот штаб на Ефес, а првиот дел од сезонава го миина и како прв тренер на турскиот гигант.
Мијатовиќ остана како прв асистент и по доаѓањето на Лука Банки на клупата, а Хрватот и официјално ја прифати понудата да стане нов селектор на националната селекција.