Ноќва се случи големо изненадување во МЛС лигата, поточно на дуелот одигран во Мајами – Орландо го победи фаворизираниот Интер со 3-0.
Лионел Меси, Луис Суарез, Жорди Алба, Серхио Бускетс, сите мега ѕвезди, одиграа под своето нови и доживеаја дебакл пред својата публика.
Интер – Оралндо 0-3:
Голот на Муриел во 43. минута сигнализираше дека домашниот нема шанси на овој натпревар. Десет минути подоцна, Пашалиќ ја дуплираше предноста на гостите, а Торналсон го постави конечниот резултат во четвртата минута од продолжението.
Лос Анџелес Галакси – Лос Анџелес 2-2:
Во ноќта помеѓу недела и понеделник се одигра градско дерби во кое немаше победник, Лос Анџелес Галакси и Лос Анџелес ремизираа, со резултат 2-2.