Свет

Хамас: Досега не е постигнат никаков напредок во тековните преговори во Доха

Во преговорите во Доха за ставање крај на војната во Газа и ослободување на заложниците досега не е постигнат никаков напредок, изјави денеска официјален претставник на палестинската милитантна група Хамас.

– Досега не е постигнат никаков пробив или напредок во тековните преговори во Доха поради континуираната израелска непопустливост, рекол извор од Хамас за Би-Би-Си.

Официјалниот претставник рече дека Хамас изразил подготвеност да ги ослободи сите израелски заложници во една фаза, „под услов да се постигне сеопфатен и траен договор за прекин на огнот – нешто што израелската страна сè уште го одбива, бидејќи нивниот преговарачки тим нема мандат да одлучува за клучни прашања“.

– Израел ја попречува секоја можност да се постигне договор, додал изворот, нагласувајќи дека Хамас „отфрла какви било делумни или привремени аранжмани“.

Тој повторил дека Хамас бара сеопфатен пакет договор кој вклучува ослободување на сите заложници држени во Газа во замена за договорен број палестински затвореници, траен прекин на огнот, целосно израелско повлекување од Појасот Газа и влез на хуманитарна помош.

Според изворот, „Израел сака да ги врати своите заложници во една или две групи во замена за привремено примирје“.

To top