Ракомет првиот човек на рк алкалоид

Мукаетов: Ми ја наполнивте душата!

Мукаетов: Ми ја наполнивте душата!

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов, го поздрави тимот на Алкалоид за победата кај АЕК во Атина од 25-29. Големиот поддржувач на македонскиот ракомет им честита на играчите за феноменалното издание со противникот составен од странски ракометари.

„Ми ја наполнивте душата мене и на цела Македонија. Но, има и реванш, па да останеме смирени и да се радуваме уште повеќе следната недела“, кратко изјави Мукаетов по натпреварот во Атина.

Реваншот меѓу АЕК и Алкалоид во Скопје, каде ќе се доделува трофејот од Европскиот Куп на ЕХФ, ќе се игра на 25 мај во СЦ „Борис Трајковски“.

To top