Иако Денвер подобро го отвори мечот и поведе на гостувањето со 11 разлика, Оклахома брзо возврати и го презема водството во втората четвртина, а откако почна да се одлепува со двоцифрена предност, едноставно немаше враќање за гостите од Колорадо.
Гилџес-Александер, Вилијамс, Холмгрен и останатите беа максимално расположени за игра и беа брилијантни во двата правци, па како што одминуваше времето, така предноста растеше и на средина на последната чевтртина стигна до „плус 43“.
Оклахома едноставно си поигра со Денвер на завршниот натпревар од оваа серија, па на крај во мирна атмосфера се пласираше во конференциско финале на Западот во кое за ривал ќе ја има Минесота.
Конечниот резултат гласеше 125:93, а во кошаркарската лекција најмногу се истакна Гилџес-Александер со 35 поени, следен од Вилијамс со 24. Никола Јокиќ беше блиску до трипл-дабл, но неговиот учинок од 2о поени, 9 скокови и 7 асистенции мина во втор план, од едноставна причина што и тој во голем дел од мечот се претопи во сивилото на гостите.