Кошаркарките на Баскет кам направија уште еден, втор по ред, чекор во одбрана на шампионската титула.
По вторпат во рок од неколку дена беа подобри од својот предизвикувач во финалето на плеј-офот, екипата на Крива Паланка (87-74).
Ново блескаво офанзивно издание имаше Ивана Кметовска, која реализираше 33.поени за Баскет кам. Адамовска додаде 19, одлична беше и Максимовска која додаде 17, додека Димова запиша 14 поени.
Робинсон беше стрелец на 26 поени за Крива Паланка, Мејклејни ја следеше со 20, а Ѓеоргиевска постигна 15.поени.
Нов шампион на Македконија ќе биде екипата која прва ќе дојде до три победи во финалната серија.