Екипата на МЗТ Скопје Аеродром по третпат го надигра МКК Куманово и во полуфиналната серија и е првиот финалист во овосезонскиот плеј-оф од Првата македонска кошаркарска лига.
Шампионот беше пресилен за Куманово и на првото гостување, кое на крај заврши со убедлив триумф на аеродромци од 61-88.
Натпреварот беше во прекин подолг период и откако салата се испразни, актерите се вратија на паркетот, но ништо не се промени. Шампионот продолжи во ист стил и на крај извојува убедлива победа од 27 поени разлика.
Најзаслужни за третата победа на „штрковите“ и пласманот во финалето беа Војдан Стојановски со 18 и Едвин и Копривица со по 15 поени. Во поразениот тим Петровиќ постигна 16, а Луковиќ застана на 13 поени.