Живот и Стил интернационални избори за убавина

Убавиците од Модното студио Црнокрак, Јулијана Ѓорѓиевска и Соња Арсовскaна на „Мис ЕВРОПА 2025“ освоија две титули за Македонија!

Јулијана остана во Бејрут каде во иста организација следи изборот за WORLD NEXT TOP MODEL 2025, на кој таа исто така ќе учествува и ќе ја претставува Македонија.

Убавиците од Модното студио Црнокрак, Јулијана Ѓорѓиевска и Соња Арсовскaна на „Мис ЕВРОПА 2025“ освоија две титули за Македонија!

Неодамна во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа 2025, на кој Македонија ја претставуваа две убавици: Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка и Соња Арсовскa од Кавадарци.

Фото: Модно студио Црнокрак

Двете успеаја да освојат титули. Во конкуренција на 50 девојки од цела Европа, Јулијана го освои одличното 6-то место, односно титулата 5-та придружничка (5th RunnerUp).

Фото: Модно студио Црнокрак

Соња пак, ја освои титулата Miss BEST COSTUME. Победничка е претставничката на Русија Јулија Павликова, првата придружничка е од Украина, а втората од Грција.

Фото: Модно студио Црнокрак

Двете наши девојки се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој избор за убавина и во чија организација девојките патуваа во Бејрут и учествуваа на изборот.

Фото: Модно студио Црнокрак

Инаку, финалето се одржа во прекрасниот клуб Куора во Бејрут, во организација на либанската агенција Style Events Organization, која веќе 20 год е организатор на изборот за Мис Европа.

To top