Македонија EUDA

Муртезани со претставници на Европската агенција за дроги

На средбата се разговараше за значењето на навремената размена на информации преку европскиот систем за рано предупредување, како и за улогата на земјите кандидатки за членство во ЕУ во заедничките напори за заштита на јавното здравје и јакнење на безбедноста во регионот и пошироко во Унијата.

Муртезани со претставници на Европската агенција за дроги

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше средба со претставници на Европската агенција за дроги (EUDA), на која што се разговараше за продлабочување на институционалната соработка и усогласување со европските стандарди во борбата против трговијата со дрога.

На средбата се разговараше за значењето на навремената размена на информации преку европскиот систем за рано предупредување, како и за улогата на земјите кандидатки за членство во ЕУ во заедничките напори за заштита на јавното здравје и јакнење на безбедноста во регионот и пошироко во Унијата.

Соговорниците ја нагласија потребата од зајакнување на капацитетите на националните институции, како и на важноста од постоење на функционален систем за рано предупредување и мониторинг, согласно европските практики. Тие ја реафирмираа заедничка посветеност кон европските вредности, при што беше изразена подготвеност за натамошно продлабочување на техничката и експертската соработка помеѓу Македонија и EUDA, како дел од поширокиот процес на евроинтегрирање.

Најнови вести од Македонија

To top