Хроника

Маж тешко повреден по пад од мотор

Маж тешко повреден по пад од мотор

На 13.05.2025 во 16.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосницата од улиците „4 Јули“ и „Вардарска“ во Радовиш, Ж.Ѓ.(59) од Радовиш, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Штип, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

To top