На самиот врв на листата на најбогати актери во 2025 година се наоѓа легендарниот бодибилдер, актерот Арнолд Шварценегер – со проценето богатство од 1,49 милијарди долари.
Иако не се појавил на големото платно од 2019 година, неговото богатство продолжи да расте благодарение на исклучително паметните инвестиции, особено во секторот за недвижности и инвестициските фондови.
Покрај тоа, неговата долга кариера во филмовите, особено во култната серија „Терминатор“, му донесе огромна заработка и меѓународна слава. Шварценегер е доказ дека успехот во Холивуд не мора да заврши со последната филмска улога, бидејќи вистинските потези надвор од индустријата можат да донесат долгорочна финансиска сигурност и статус на милијардер.
#FPDailyData: Bollywood superstar Shah Rukh Khan is among the richest actors globally. According to Esquire Magazine, he ranks fourth on the list of the top 10 richest actors of 2025, with an estimated net worth of $876.5 million. pic.twitter.com/bMb1ecKF0t
— Firstpost (@firstpost) May 6, 2025
Двејн Џонсон е на второто место со 1,19 милијарди долари. Неговата заработка доаѓа не само од актерски хонорари, туку и од инвестиции, особено во брендот „Теремана Текила“, кој вреди дури две милијарди долари, а Џонсон поседува 30 проценти удел. Во 2024 година, тој заработил 88 милиони долари само за своите улоги во два филма.
Ѕвездата од акционите филмови, Том Круз, исто така, има 891 милион долари. Благодарение на паметните договори, од самиот почеток на неговата кариера, Круз добивал процент од заработката од своите филмови, што му донело огромни суми, особено преку франшизите „Невозможна мисија“ и „Топ Ган“.
За разлика од многу негови врсници кои се одлучиле за разни деловни потфати, Круз е меѓу ретките кои го стекнале поголемиот дел од своето богатство исклучиво преку глума. Круз, исто така, поседува импресивно портфолио на недвижности – долж двата брега на Соединетите Американски Држави и низ цела Северна Америка.
Меѓу 10-те најбогати актери во светот се:
Шахрух Кан (нето вредност: 876,5 милиони долари)
Џорџ Клуни (нето вредност: 742,8 милиони долари)
Роберт Де Ниро (нето вредност: 735,35 милиони долари)
Бред Пит (нето вредност: 594,23 милиони долари)
Џек Николсон (нето вредност: 590 милиони долари)
Том Хенкс (нето вредност: 571,94 милиони долари)
Џеки Чен (нето вредност: 557,09 милиони долари)