Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ допатува од Шпанија за да присуствува на славата во домот на Цеца заедно со семејството. Нејзиниот сопруг Немања Гудељ не можел да дојде кај бабата на прослава поради обврските со шпанскиот фудбалски клуб.
Анастасија позираше со својот пријател и фризер Стеван Радивојевиќ, и постојано се смешкаше.
За свечената прилика таа носеше краток црн фустан, кој го искомбинирала со црни високи потпетици.
На славата присуствувале и сестрата на фолк дивата, како и Богдана, Бојана и Наташа кои позираа во елегантно издание.
Цеца не го криела своето воодушевување што Анастасија за славата е дома, па на српските медиуми им кажала дека е пресреќна, додавајќи дека ѝ е жал што Немања не е тука зашто има фудбалски натрпевар.