На 07.05.2025 околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат с.Арачиново – с.Орланци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(25) од с.Брест, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(42) од с.Бардовци, скопско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „цитроен“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека возачот на возилото „мерцедес“ се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.