Ракомет

ПИК Сегед создава дрим тим

ПИК Сегед создава дрим тим

Шведскиот голман Тобијас Тулин на лето ќе го напушти данскиот шампион ГОГ Гудме и ќе се пресели во редовите на ПИК Сегед.

Тулин во ГОГ пристигна во минатата сезона и се покажа како вистинско освежување во екипата. Неговите одлични настапи беа забележани од поголемите клубови, но тимот на ПИК Сегед успеа да се избори за услугите на 28-годишниот голман.

Според пишувањата на „RTH Handball“, еден од легендарните шведскиот ракометари, средниот бек Џим Готфридсон, би можел да биде новото засилување во ПИК Сегед. Тој има договор со Фленсбург до 2025 година, и од германскиот клуб ги отфрлаат шпекулациите дека шведскито ас ќе си замине.

To top