Останати спортови пред одбојкарската златна лига

Joшко Миленковски го објави конечниот список на одбојкари за престојните натпревари

Joшко Миленковски го објави конечниот список на одбојкари за престојните натпревари

Селекторот на машката одојкарска репрезентација на Македонија, Јошко Миленковски го објави скратниот список од 16 одбојкари кои ќе треба да се појават на првиот собир во Струмица на 15 мај.

Прв предизвик за Македонија е Златната Европска лига, а Миленковски се одлучи за проверен ростер. Базата ја сочинуваат капитенот Никола Ѓоргиев и организаторот на играта Ѓорѓи Ѓоргиев, потоа Александар Љафтов, Лука Костиќ, Стојан Илиев, Тоше Ефремов, како и средниот блокер Филип Савовски.

Капитенот на Струмица 47&72 Владо Милев како најискусен треба да даде стабилност во националниот тим, а целата слика да ја надополнат најдобрите одбојкари од домашната сцена, од редовите на ново-стариот шампион Струмица 47&72 и освојувачот на Купот, Штип УГД.

Селекторот Миленкоски првата прозивка ќе ја има во хотелот „Пандев“ во Струмица на 15 мај на пладне.

To top