Фудбал Нов скандал во Турција

Претседателот на Истанбулспор им нареди на играчите да го напуштат теренот

Претседателот на Истанбулспор им нареди на играчите да го напуштат теренот

Во второто полувреме од натпреварот помеѓу Истанбулспор и Трабзонспор на македонскиот репрезентативец Енис Барди, претседателот на домашната екипа им нареди на играчите да го напуштат теренот незадоволни од судењето. Наводно, причината е недосуден пенал.

Спорен детал кога домашните побараа пенал, кој не беше досуден, а недолго потоа Трабзон постигна гол.

Натпреварот беше прекинат во 79 минута при резултат 1:2 за Трабзонспор и фудбалерите на Истанбулспор немаа намера да се вратат на теренот.

Барди на овој меч настапи од 66 минута како замена за Абдулкадир Онур.

To top