Македонија

Меџити: Ја отворивме вратата кон 600 милиони евра за зелени проекти преку програмата #EULIFE25

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска информира дека повиците за #EULIFE25 програмата се официјално отворени, а земјава е единствена во регионот што има пристап до овие средства, соопшти неговиот кабинет.

Меџити ја повика домашната академска заедница, локалните самоуправи, научните и образовни институции, приватниот сектор и здруженијата на граѓани, да ја искористат оваа прилика и да аплицираат директно за некој од отворените повици, за да според него, зелените идеи да се претвараат во конкретни проекти поддржани од ЕУ!

LIFE Програмата поддржува проекти во четири клучни области: Заштита на природата и биодиверзитетот; Циркуларна економија; Климатска акција – ублажување и адаптација; Чиста енергија и одржливи извори.

– Вашите идеи, визии и иницијативи за одржлива иднина сега можат да бидат поддржани со значителни европски средства, напиша Меџити на социјалните мрежи.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

За да се биде дел од програмата заинтересираните треба да се регистрираатза следење на виртуелните #EULife25 инфо денови од 13 до 15 мај, каде што имаат можност да добиваат совети и насоки за пополнување на апликациите директно од европските експерти.

Повеќе информации за отворените повици и инфо деновите на следниот линк: https://cinea.ec.europa.eu/news-events/news/life-calls-proposals-2025-claim-your-share-eu600-million-and-help-create-sustainable-future-europe-2025-04-24_en

Најнови вести од Македонија

To top