Свет Пакет помош

Зеленски изрази уверување дека американската и европската поддршка за Украина ќе продолжи

Средствата за Украина се одложуваат и во САД и во Европската унија поради политички несогласувања.

Зеленски изрази уверување дека американската и европската поддршка за Украина ќе продолжи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изрази уверување дека американската и европската поддршка за Украина ќе продолжи.

-Вложуваме многу сериозни напори по ова прашање и сигурен сум дека САД нема да не предадат, рече украинскиот лидер на својата годишна прес-конференција во Киев.

Средствата за Украина се одложуваат и во САД и во Европската унија поради политички несогласувања.

Зеленски ги изрази своите очекувања дека Европската унија наскоро ќе одобри пакет помош за Украина во вредност од 50 милијарди евра.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top