Останати спортови по победата над Коко Гоф

Арина Сабаленка го освои турнирот во Мадрид

Арина Сабаленка го освои турнирот во Мадрид

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка триумфираше на Мастерсот во Мадрид откако во финалето беше подобра од Коко Гоф со 2-0 по сетови 6-3, 7-6.

Можеше мечот да биде нешто поинаков, особено во вториот сет кога Гоф имаше и сет-топка на свој сервис, но Сабаленка покажа зошто е убедлив лидер на ВТА листата.

Првиот сет помина во нејзина доминација и без проблеми поведе со 1-0, во вториот Гоф водеше со 5-4, имаше сервис и имаше предност, но Сабаленка не дозволи израмнување, се избори за тај брејк и потоа со 7-3 стигна до конечна победа.

Инаку, ова беше четврти трофеј за Сабаленка на Мастерсот во Мадрид со што се израмни со досегашната рекордерка Петра Квитова.

To top