Останати спортови Двајца дебитанти на поширокиот список

Јошко Миленкоски го објави списокот на одбојкари за Златната Европска лига

Јошко Миленкоски го објави списокот на одбојкари за Златната Европска лига

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Јошко Миленкоски одлучи 22 одбојкари да се најдат на поширокиот список за настапот во Златната Европска лига 2025 и квалификациските дуели со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026.

Миленкоски се потпира на добро проверени сили, репрезентативци кои и во минатото беа базата на селекцијата, а истовремено направи и мало освежување на списокот.

Седуммина интернационалци браќата Ѓоргиеви, Костиќ, Ефремов, Илиев, Љафтов и Савовски ќе го предводат тимот заедно со колегите од Струмица 47&72 и Штип УГД, кои се борат за шампионската титула во домашното првенство, а повик добија и двајца одбојкари на Работнички 71&22.

За првпат во А селекцијата шанса добиваат Филип Станков и либерото Петар Џерков.Првиот собир репрезентацијата ќе го има на 15 мај во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица.

 

 

To top