На 02.05.2025 година во 07.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата помеѓу улиците „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Аминта Трети“ (поранешна „Ленинова“) со сервисна улица во Скопје, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Б.(37) од Скопје удрило во пешакот И.Н.(50) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се здобил пешакот И.Н., информира МВР.
За настанот известен е дежурен ЈО при ОЈО Скопје, а извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР Скопје.