Фудбал

Лаутаро го пропушта реваншот со Барселона во Лигата на шампионите

Неговата состојба ќе се следи од ден на ден“. Ова е официјалната информација од клубот во врска со повредата на Лаутаро.

Лаутаро го пропушта реваншот со Барселона во Лигата на шампионите

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, најверојатно ќе го пропушти реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона. Напаѓачот беше принудно заменет на полувремето од првиот натпревар, кој заврши 3:3.

По опсежните прегледи утрово, беше откриено дека Аргентинецот има „издолжување на флексорните мускули на левиот бут. Неговата состојба ќе се следи од ден на ден“. Ова е официјалната информација од клубот во врска со повредата на Лаутаро.

Според „Скај Италија“, закрепнувањето од таква повреда трае околу една недела.

Ова значи дека е малку веројатно дека ќе се опорави за реваншот со Барселона. Најдоброто сценарио за „нероазурите“ е тој да биде на клупата за натпреварот во вторник. (МИА)

To top