Според првите информации, партнерката на Летилиер добила удар во лице, а парот бил под закана од нож за да ги предаде парите и накитот.
Голманот на ПСЖ, Александре Летилиер бил жртва на грабеж, заедно со својата партнерка и нивните две мали деца, во нивниот дом во Хадрикорт, ноќта во понеделникот.
Тројца од четворицата престапници, вклучувајќи две малолетни лица, биле уапсени, соопштило обвинителството кое отворило истрага поради изнуда со оружје.
Според првите информации, партнерката на Летилиер добила удар во лице, а парот бил под закана од нож за да ги предаде парите и накитот.
Алармот во куќата на фудбалерот се активирал во околу два часот наутро, а парот се обидел да повика полиција.
„Алармот работеше совршено, полицијата брзо интервенираше, како и безбедносната служба на клубот“, изјавил извор близок до настанот.
Оваа провала е само една во низата слични инциденти последните години.
Во јули голманот на ПСЖ Џанлуиџи Донарума беше полесно повреден кога бил ограбен во Париз, а штетата се проценува на 500.000 евра.