Хроника

Возел без дозвола и нерегистриран автомобил, па удрил во полициски „Шевролет“

Возел без дозвола и нерегистриран автомобил, па удрил во полициски „Шевролет“

На 01.05.2025 во 15.54 часот над с.Крстоар во општина Битола патничко моторно возило „пежо” со битолски регистарски таблици, управувано од А.В.(25) од Битола, удрило во паркирано возило „шевролет“, сопственост на МВР.

-По преземени мерки, утврдено е дека А.В. не поседува возачка дозвола, а возилото е со измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, информира МВР.

Од страна на полициските службеници од СВР Битола возилото е одземено, а против А.В. ќе бидет поднесени соодветни поднесоци.

To top