Фудбал премиер лига

Лукас Бергвал го продолжи договорот со Тотенхем

Лукас Бергвал го продолжи договорот со Тотенхем

Англискиот премиерлигаш Тотенхем официјално потврди дека го продолжи договорот со талентираниот Лукас Бергвал и тој ќе остане во Лондон до 2031 година.

Деветнаесетгодишниот Бергвал пристигна минатото лето од шведскиот Ѓургарден, а оваа сезона одигра 45 натпревари  за тимот од Лондон.

Иако екипата е на очајното 16. место на табелата, сепак, управата реши да му ја продолжи соработката на младиот фудбалер.

To top