Кошарка мајсторка же решава за пласман во четвртфиналето

ЛА Клиперси изедначија против Денвер на Западната Конференација (ВИДЕО)

ЛА Клиперси изедначија против Денвер на Западната Конференација (ВИДЕО)

Лос Анџелес Клиперс го победи Денвер Нагетс со 111:105 iизминатата ноќ и се изборија за мајсторка. Резултатот во серијата е 3:3, а седмиот натпревар ќе се одигра во ноќта меѓу сабота и недела во Денвер.

Нагетсите повторно беа предводени од српскиот центар Никола Јокиќ кој постигна 25 поени, но 15 реализира во втората четвртина и речиси никаде го немаше во второто полувреме.

Тој постигна само три поени во третата и само два во четвртата четвртина. Покрај Никола Јокиќ, се истакна и Џамал Мареј со 21 поен и 8 скока и асистенции, додека Арон Гордон имаше 19 поени и 5 скока, Кристијан Браун имаше 14, а Расел Вестбрук имаше исто толку со 10 скока и 6 асистенции.

Победничкиот тим на Клиперси го предводеше Џејмс Харден со 28 поени, 6 скока и 8 асистенции, додека Кавај Ленард постигна 27 поени, имаше 10 скока и 5 асистенции.

Норман Пауел исто така беше одличен со 24 поени, а Ивица Зубац имаше 10 и 6 скока.

To top